• 21/09/2020

Пукање и бркотница низ Охридското езеро: Полициски глисер во потера по крадци од Албанија

 Пукање и бркотница низ Охридското езеро: Полициски глисер во потера по крадци од Албанија
loading...
Advertisement

Синоќа околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро” се упатиле наспроти село Радожда, струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Република Албанија.

По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон село Лин, во Албанија.

За настанот се известени пограничните органи на Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.