Пукотници во САД , најмалку петмина повредени (ВИДЕО)

 Пукотници во САД , најмалку петмина повредени (ВИДЕО)

Вооружен напаѓач отворил оган во клиника во американската држава Минесота и ранил неколку лица, а во зградата одекнала и експлозија, јавуваат локалните медиуми.

Си-Ен-Ен јавува дека пет лица биле повредени.

Сè се случило нешто пред 11 часот по локално време на клиниката „Алина“, во градот Бафало, а полицијата уапсила еден човек, објави „Стар трибјун“, без да прецизира дали осомничениот пукал.

Федералните полициски службеници на Сент Пол, главниот град на Минесота, преку твит напишале дека одат на местото на несреќата по информацијата за „напаѓачот на дело“.

Половина час подоцна, експлодирала бомба и клиниката е евакуирана.

>
>