Путин директно се закани во обраќањето: “Високиот и егоистичен тон кон Русија ги минува сите граници, секоја провокација ќе биде казнета”

 Путин директно се закани во обраќањето: “Високиот и егоистичен тон кон Русија ги минува сите граници, секоја провокација ќе биде казнета”

Рускиот претседател Владимир Путин се обратил до Федералното собрание, пратениците на Државната Дума и Советот на Федерацијата, и како никогаш досега директно се заканил.

Рускиот претседател, зборувајќи за се позатегнатата ситуација во односите со западот, истакнал дека сите веќе се навикнале на праксата на воведување на санкции, но дека ситуацијата излегла од контрола, а тоа се организирани политички убиства.

“Можеме да мислиме било што за Виктор Јанукович, Николас Мадуро, Александар Лукашенко, но праксата на организирање на државни удари и политички убиства е нешто што е премногу, нешто што ги минува сите граници”, истакнал рускиот претседател во прилично остар тон.

Истовремено, сите се навикнаа на праксата на илегални санкции во економијата. Сега сличната пракса прераснува во нешто поопасно. Имам во предвид дека во Белорусија се организира пуч и убиство на претседателот на земјата, рекол Путин и додал дека Западот не размислувал за Белорусија и Украина кога таму се случувале политички преврати, но дека секогаш постои навика во секоја прилика да “се фатат за Русија”.

“Тоа како да е некој вид на спорт”, забележал Путин и потоа директно се заканил: “Организаторите на било какви провокации против Русија ќе залажат како никогаш до сега”.

Според неговите зборови, Русија има трпение и професионализам за било кои возвратни мерки, предупредувајќи ги сите земји да не ја минуваат црвената линија во односите со Русија.

“Ако некој крене висок и егоистичен тон кон Русија, таа ќе има со што да одговори”, порачал рускиот претседател.

x