Путин донесе одлука: Од идната недела започнува масовна вакцинација во Русија

 Путин донесе одлука: Од идната недела започнува масовна вакцинација во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин нареди во земјата да започне процесот на масовна вакцинација против коронавирусот, пренесува новинската агенција „РТ“.

Според планот, здравствените работници и професорите ќе бидат првите кои ќе ги добијат вакцините.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за потфатот, затоа што во следните денови е бидат произведени два милиони примероци на „Спутник 5“.

Русија прави неколку вакцини против коронавирусот, а креаторите на првата регистрирана вакцина тврдат дека е ефикасна околу 95%.

Во Русија досега се регистрирани 2,3 милиони случаи на коронавирус, а само во последното деноноќие беа регистрирани над 25 илјади случаи.