Работна посета на МНР Никола Димитров на Берлин

 Работна посета на МНР Никола Димитров на Берлин

На 30 и 31 јануари 2020 година, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе оствари работна посета на Берлин, во чии рамки ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, која ќе биде претседавана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Покрај учеството на конференцијата, планирани се средби на МНР Димитров со негови колеги и други високи учесници на настанот како комесарот за соседство и проширување Вархеји. Исто така предвидено е да се сретне и со високи претставници од Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.

Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ЕУ ниво за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Северна Македонија за отворање на преговорите.