Рама повика да се вратат луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

 Рама повика да се вратат луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика граѓаните кои поради земјотресот, заминале за Косово, да се вратат. Тој ги задолжил министрите за образование и за здравство и социјална заштита да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Премиерот Рама вели дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.

Според медиумите, во Косово се засолнале над две илјади албански граѓани, поголемиот дел од нив се во Призрен.

По Самитот на НАТО во Лондон Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес. Европската Комисија и додели на Албанија 15 милиони евра, земјата очекува пари од ИПА, а ќе има и две донаторски конференции, едната во организација на ЕК, а втората од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.