
Рамиз Мерко:Денес на средба со граѓаните на Струга
Средбите со граѓаните на Струга и размената на разговори со нив беше и продолжува да биде приоритет за мене.
Поради оваа причина, денес, заедно со кандидатите од листата за советници на Демократската унија за интеграција решивме да направиме случајни средби со нашите сограѓани, да разговараме и да побараме нивна евалуација за извршените работи во овој мандат.
Власта поминува од рацете на граѓаните. Јас и кандиадатите од листата за советници ќе се погрижиме овој тренд да продолжи вака. Вратата на Општина Струга секогаш ќе биде отворена и секоја важна одлука ќе треба да добие одобрување од граѓаните како почеток.– истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.








