
Рамиз Мерко:На средба со жителите на Ливада
Денешната средба со жителите на Ливада ме увери во поддршката за нашиот победнички тим.Разговорот што се одржа денеска беше крајно конструктивен.

Последните проекти во Ливада, како што е санација на спортскиот терен или асфалтирање на некои патишта во селото, се само дел од проектите што ги планиравме за ова населено место.
Жителите на Ливада секогаш се многу заинтересирани и интерактивни кога станува збор за иднината на нивното место.

Се обврзувам дека секој проект во ова село ќе биде изработен во согласност со барањата и идеите на неговите жители.-– истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.