Раст на бројот на баратели за азил на балканската маршрута

Раст на бројот на баратели за азил на балканската маршрута

Австрија соопшти дека се соочува со зголемен број на барања за азил, а Европската Комисија разгледува решенија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Зголемениот број на барања за азил, пред сѐ од Тунис и Индија, го вклучи алармот на австриските власти.

Од Европската Комисија денеска изјавија дека се запознаени со ситуацијата и дека еден од главните фактори за ова е повторното засилено користење на таканаречената балканска маршрута која, меѓу другото, минува низ Северна Македонија и Србија.

Портпаролката за внатрешни работи на Европската комисија, Анита Хопер, изјави дека е забележано “значително движење“ на балканската маршрута и дека една од причините за ова се визните политики на либерализација на некои земји од Западен Балкан. Србија на пример нема визи со Индија, Тунис, или пак Куба.

Европската комисија бара од земјите на Западен Балкан да ги усогласат своите визни политики со оние на ЕУ.

Портпаролката додаде дека Србија не е единствената земја во регионот која не е усогласена со политика на ЕУ за визи.

Темата ќе биде на дневен ред на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ за неколку дена. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy