Разорна моќ од морските длабочини: Погледнете како изгледа најсовршената и најтивка подморница на руската флота

 Разорна моќ од морските длабочини: Погледнете како изгледа најсовршената и најтивка подморница на руската флота

Во пристаништето Кронштат во Финскиот залив се наоѓа најновата руска подморница „Волхов“ за која со сигурност може да се каже дека е најсовршената и најтивка подморница со која располага руската воена морнарица.

„Веќе сме во подморницата која може да нурне на длабочина од 300 метри. На централната положба е најпрепознатливиот уред – перископот. Подморницата е опремена со најнапредните системи, навигациски и хидроакустични. Не можеме подетално да зборуваме за тоа и да ги прикажуваме, затоа што информациите за опремата се строго доверливи“, изјави дописникот на телевизијата „Звезда“, Павел Кутаренко.

Во најтаинствениот дел од подморницата се наоѓаат шест торпедни цевки. Времето кое е потребно да се наполни цевката изнесува само 15 секунди. Подморницата може да носи 18 торпеда. https://www.youtube.com/embed/Zr24ivvBuMM

Покрај торпедата, од оваа подморница може да се лансираат и високо прецизните крстосувачки ракети „Калибар“, кои што го сочинуваат главното ракетно вооружување на подморницата.

Оваа дизел-електрична подморница ѝ беше предадена на руската воена морнарица во октомври 2020-та година. Има должина од 73,8 метри, а ширината изнесува 9,9 метри. На површина може да достигне брзина од 11 до 77 чворови, додека под вода од 18 до 20 чворови.

Подморниците од проектот 636,3 се меѓу најтивките на светот и имаат висока борбена ефикасност. Опремени се со најновиот инерцијален систем за навигација, современ автоматизиран систем за управување со информации и моќно торпедно-ракетно вооружување.