
РЕАКЦИЈА НА СОООШТЕНИЕТО ЗА ЈАВНОСТ НА ОК ВМРО ДПМНЕ СТРУГА
Почитувани граѓани,
Општинското раководство на ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вложувањата во Струга од страна на Владата предводена од СДСМ се најголеми од осамостојувањето до денес. Би било соодветно да направат некоја споредба што правеле во нивното 11 годишно владеење со тоа што се прави денес, но знаат дека со нула не се дели или со нула не се прави споредба.
Во недостаток на аргументи, во недостаток на креативност и фокусираност (креативни и фокусирани се само за добивање тендери како во ЈП Стрежево и други институции во милионски износи) шират лажни вести. Нивните лаги лесно се демантираат, а нивната лажна грижа ја покажаа во нивното 11 годишно криминално владеење.
Лажат и манипулираат и за последно издвоените средства за изградба на кружен тек на влезот во с. Мислешево. Со два клика на веб страната Владата ќе видите дека на 163-тата седница одобрени се средства и за решавање на овој горлив проблем од безбедносен аспект. Не очекуваме да ги пофалите, не очекуваме да кажете зошто вие не сте го решиле зошто знаеме дека вашите приоритети беа жални врби, палми, скулптури на бикови и мачки. Не очекуваме ниту да се придружите зошто не можете да го победите вашиот очај. Очекуваме барем да не правите препреки, да не ширите лажни вести и да правите лажна паника, за да продолжиме да ги реализираме работите кои се од големо значење за граѓаните од целата општина Струга. Има уште многу работи и затоа ние заедно со граѓаните ќе продолжиме по вистинскиот пат, на правиот пат.
Со почит,
Сектор за комуникации
ОО на СДСМ Струга