Рецепт: Чоколаден банана леб

 Рецепт: Чоколаден банана леб

Пробајте го овој превкусен рецепт за чоколаден банана леб.

Потребни состојки:

2 шолји бело брашно

Половина шолја шеќер

¼ шолја кафеав шеќер

1 лажичка сода бикарбона

Половина лажичка сол

3 зрели банани

¼ шолја грчки јогурт

Две јајца

¼ шолја масло

Две и пол лажички екстракт од ванила

Половина шолја сечкани ореви

Половина шолја сечкано чоколадо

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе го калапот за печење – обложете го со хартија за печење, а потоа ставете неколку капки масло.

Во поголем сад промешајте брашно, бел и кафеав шеќер, сода бикарбона и сол.

Во друг сад со средна големина изгмечете ги бананите со вилушка, додајте јајца, грчки јогурт, масло и екстракт од ванила. Измешајте ги состојките и спојте ги со сувите состојки и измешајте да се соединат.

Во смесата додајте сечкани ореви и чоколадо, па истурете ја смесата во калап и печете 50 до 60 минути.

Откако ќе го извадите лебот од рерната оставете го да се излади, па потоа извадете го од калапот и исечете го.

x