РЕЦЕПТ: Домашен сладолед од лубеница

 РЕЦЕПТ: Домашен сладолед од лубеница

Доколку сте љубител на лубеница, сигурно ќе го обожавате и овој сладолед.

Потребно:

700гр лубеница

250мл грчки јогурт или кондензирано млеко

Подготовка:На тавче или на послужавник ставете хартија за печење, па исечената лубеница распоредете ја на хартијата. Потоа ставете го садот во замрзнувач да отстои лубеницата три часа. Половина од лубеницата ставете ја во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Потоа додадете го јогуртот или кондензираното млеко. Потоа додадете го и остатокот од замрзнатата лубеница и повторно блендирајте. Смесата ставете ја во соодветен сад за замрзнување и вратете ја во замрзнувач уште 2-3 часа. Потоа сервирајте и уживајте.