
РЕЦЕПТ: Јапонски палачинки
Нешто различно, а вкусно – јапонски палачинки
Состојки:
- 2 жолчки
- 25 мл млеко
- 35 гр брашно
- 2 белки
- малку сок од лимон
- 10 гр ванилин шеќер
Подготовка:
Измешајте ги жолчките, млекото и брашното. Посебно изматете ги белките, сокот од лимон и шеќерот за да добиете шлаг. Во првата смеса постепено се додава шлагот, па сето се меша со рака. Се пече во тавче со капак на тивок оган 3 минути.