Рецепт за неодоливи триаголници со месо од готови кори: Брзо, едноставно и вкусно

Рецепт за неодоливи триаголници со месо од готови кори: Брзо, едноставно и вкусно

Питите се релативно брзо јадење за подготовка, а секогаш ги обожуваат луѓето на кои им ги нудите – прекрасен избор се и за појадок и за вечера.

Состојки:

– 500 грама кори за пита;
– 2 средни главици кромид;
– 500 грама мелено јунешко месо;
– 1 чаша кисела павлака;
– 3 јајца;
– 200 милилитри кисела вода;
– 150 милилитри масло за јадење;
– 2 лажици сол;
– 1 лажица бибер;
– 2 чешниња лук;
– сусам.

Подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот и пржете го на масло за јадење и малку вода. Потоа додадете го ситно исечканиот лук, меленото месо и зачините.

Во друг сад изматете ги јајцата, павлаката, киселата вода, сол, бибер и масло за јадење.

Сите кори по должина пресечете ги на половина.

Еден преполовен дел од кората премачкајте го со преливот од јајца и павлака, ставете ја кората над него, а потоа нанесете го филот.

Замотајте ја кората во вид на триаголник и продолжете ја постапката додека не го потрошите цел материјал.

Готовите триаголници ставете ги во плех за печење, премачкајте ги со преливот од јајцата и павлака, ставете сусам над нив и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

Кога ќе заруменат, извадете ги и послужете.

Пријатно јадење!

Извор:Точка

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds