Рецепт за супа „убиец на вируси“: Преполна е со цинк и селен, а еве што сè ви е потребно

 Рецепт за супа „убиец на вируси“: Преполна е со цинк и селен, а еве што сè ви е потребно

Овие минерали се многу значајни во заштитата од вирусите, така што вистински момент е јадењето кое што ќе ви го предложиме да се најде на вашето мени.

Состојки:

1/2 кокосово масло;
6 чешниња лук; 
1 исецкан кромид; 
1/2 шолја исецкани бадеми; 
2 лажици куркума; 
2 лажици кари во прав; 
2 црвени пиперки; 
1 килограм благ компир; 
2 ловорови листа; 
6 шолји супа од зеленчук; 
сол и црн бибер. 

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете ги кокосовото масло, лукот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па динстајте на умерена температура додека состојките не омекнат.

Додадете ја пиперката, компирот, ловоровиот лист, а потоа додадете ја супата од зеленчук.

Оставете да крчка, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето. Гответе околу 30 минути, додека компирите не омекнат.

Извадете ги ловоровите листа, а остатокот од смесата ставете го во блендер додека не добиете кремаста смеса.

Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.

Пријатно јадење!

>
>