Реџепи: Ролексот ми е подарок од еден Македонец, може да го прашате

 Реџепи: Ролексот ми е подарок од еден Македонец, може да го прашате

Реисот Сулејман Реџепи вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше за скапиот часовник Ролекс.

Тој рече дека не го купи, туку дека му е подарок од еден Македонец.

„Не сум го купил часовникот, подарок ми е од еден Македонец. Не сакав да го земам, но ми рече дека ќе го скрши пред мене. Човекот е жив, може да го прашате ако сакате“, рече Реџепи.