Регистрирани 1.300 земјотреси после главниот, албански сеиозмолог вели: „Луѓето треба да се навикнат на потреси“

Регистрирани 1.300 земјотреси после главниот, албански сеиозмолог вели: „Луѓето треба да се навикнат на потреси“

Албанскиот сеизмолог Рапо Ормени рекол дека до денеска биле забележани 1.300 послаби земјотреси на подрачјето на Драч и другите делови од земјата и дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија после главниот земјотрес.

„Луѓето би требало да се навикнат на потреси, затоа што не доживеале така силен земјотрес како оној кој ја погоди земјата на 26. ноември, во последниве 40 години“, рекол Ормени наведувајќи дека се забележани дури 1.300 потреси после главниот земјотрес на 26. ноември.

Треба да се земат во обзир трите попладневни удари измерени над 5 степени според Рихтерова скала, 25 над 4 степени и 130 потреси посилни од 3 степени, кои ги зебалежале уредите, вели сеизмологот.

„Нормално е енергијата да се ослободува од сеизмичката зона. Потребно е да се случи ослободување на енергија и потреси. Нема причина луѓето да паничат“, рекол Ормени, додавајќи дека дополнителните потреси не предизвикале никаква штета.