Регистрирани 9 нови случаи во земјава, вкупно 85 лица се заразени со коронавирусо

Регистрирани 9 нови случаи во земјава, вкупно 85 лица се заразени со коронавирусо

Регистрирани се 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Covid-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Според местото на постојано живеење, случаи на Covid-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, напиша министерот Венко Филипче на неговиот Facebook профил.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds