Регистрирани 978 нови случаи на коронавирус – починати се 26 лица

 Регистрирани 978 нови случаи на коронавирус – починати се 26 лица

Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous flu strain cases as a pandemic medical health risk concept with disease cells as a 3D render (Coronavirus virus outbreak and coronaviruses influenza background as dangerous

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од: Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 17319, активни 7114

• Куманово 2666, активни 689

• Дебар 382, активни 80

• Штип 1931, активни 436

• Прилеп 1794, активни 823

• Тетово 2765, активни 981

• Струга 939, активни 195

• Велес 1168, активни 718

• Битола 1032, активни 525

• Охрид 953, активни 423

• Кавадарци 729, активни 387

• Гостивар 1486, активни 442

• Гевгелија 492, активни 228 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1203, активни 669

• Крива Паланка 287, активни 133

• Радовиш 302, активни 121

• Крушево 48, активни 25

• Кочани 880, активни 297

• Пробиштип 256, активни 102

• Демир Хисар 110, активни 40

• Македонски Брод 116, активни 16

• Пехчево 61, активни 5

• Берово 245, активни 69

• Валандово 120, активни 39

• Виница 236, активни 118

• Делчево 311, активни 155 (77 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 96, активни 65

• Свети Николе 551, активни 133

• Кичево 744, активни 306

• Ресен 292, активни 96

• Неготино 246, активни 159 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2667 теста се преку: ИЈЗ-1017, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-462, Биотек-254, МАНУ -214, Жан Митрев (Филип Втори) -170, Систина со PCR метода -319, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-26, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 19 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.