Реки од кал по улиците- Хрватска зафатена од големо невреме (ВИДЕО)

 Реки од кал по улиците- Хрватска зафатена од големо невреме (ВИДЕО)

Подрачјето на Славонска Пожега вчера попладне беше зафатено од силно невреме.

Хрватската цивилна заштита објави дека во таа област наврнале 50 до 70 милиметри дожд на метар квадратен, пренесува порталот Индекс.

Се формираа реки од кал што течеа од околните ридови, носејќи гранки и ѓубре. Голем дел од дворовите и подрумите на куќите беа поплавени, а имало и проблеми на локалните патишта и се појавиле помали одрони.

Железничкиот сообраќај меѓу Пожега и Плетерница е запрен, а во некои населени места е прекината електричната енергија поради опасност по пожарникарите

Цивилната заштита објави дека сите оперативни сили на терен поради санирање на последиците од невремето.

Порталот Пожега.еу наведува дека сите приградски населби се под вода и дека се очекува до крајот на денот да наврнат уште 30 литри дожд на метар квадратен.

>
>