Рекордни врнежи од дожд во Швајцарија: Во Цирих паднале повеќе од 4 цм дожд во текот на ноќта, урнати стебла ги блокирале сообраќајниците

 Рекордни врнежи од дожд во Швајцарија: Во Цирих паднале повеќе од 4 цм дожд во текот на ноќта, урнати стебла ги блокирале сообраќајниците

Швајцарија е погодена од дождовен бран со рекордни врнежи, кои денеска предизвикале поплави и сообраќаен хаос во Цирих.

Во текот на минатата ноќ во Цирих паднале повеќе 4 цм дожд, потврдило државното радио и “TV SRF”, пренесува “Reuters”.Досегашниот национален рекорд датира од август 2018-та година, кога за 10 минути во Лозана паднале 4,11 центиметри дожд.

Делови до циришката автобуска и трамвајска транспортна мрежа се сопрени бидејќи урнатите стебла ги блокираат сообраќајниците, а некои улици биле сосема поплавени.

Градските власти досега не објавиле податоци за евентуални жртви или повредени.

Метео службата на “SRF” најавила дека дождот ќе продолжи да паѓа, што би можело да предизика сериозни поплави покрај речните корита и околу езерата, а има предупредувања и за свлечишта.

x