Реорганизација во струшките училишта за штедење струја

Реорганизација во струшките училишта за штедење струја

За подобри услови во училиштата и затоа што децата се секогаш приоритет, денеска градоначалникот на Општина Струга одржа состанок со сите директори на основните училишта, информираат од општина Струга. 

Главна тема на овој состанок беше реорганизирање на наставниот распоред (смени), заради штедење на електрична енергија и истовремено заштеда на училишниот буџет. Досегашната пракса докажа дека наставата со учениците од прво до петто одделение одржана од сабајле трае многу пократко од наставата на учениците од шесто до деветто одделение, кои имаат повеќе часови. Со планираната ротација сметаме дека настава на двете смени ќе заврши порано.

 Исто така на состанокот се донесе одлука јавните набавки кои се објавуваат за секое училиште посебно, сега сите да бидат во еден заедчка набавка, кое треба да резултира со подобро и полесно менаџирање. Тема на дискусија беа и користење на буџетски фондови за проекти, подобрување на условите за превоз за учениците, информираат од општина Струга. 

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds