Ретка глетка – Во Хрватска снимен кит, долг околу 15 метри

Ретка глетка – Во Хрватска снимен кит, долг околу 15 метри

На јадранското крајбрежје во Хрватска во близина на Корнати, снимен е кит долг околу 15 метри.

Морепловецот Дарко Турчинов, кој го снимил китот додека возел излетнички брод на корнати, за хрватските медиуми изјавил дека на тоа подрачје никогаш претходно немал видено кит.

Според информациите од Заводот за ветеринарна биологија на Ветеринарниот факултет во Загреб најверојатно се работи за голем северен кит, кој повремено може да се сретне и во Јадранско Море, но вообичаено го има во Средоземјето.

Големиот северен кит е загрозен вид и е заштитен со закон. Неговата просечна должина изнесува 20 метри.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds