Рибокрадци и избегале на полицијата, мрежите и уловот ги оставиле

При преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициски службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки. Од возилото излегле две лица и почнале да бегаат при што исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка.

Портпаролот на СВРВ Охрид, Стефан Димоски, информира дека било утврдено дека патничкиот автомобил е управуван од 56-годишно лице од Пештани.

Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds