Риболовен алат и белвица завршија во раце на полицијата

 Риболовен алат и белвица завршија во раце на полицијата

Во периодот помеѓу  13 и 16 часот, вчера, полициски службеници на околу 1000 метри од брегот на Охридското Езеро, спроти авто камп, пронашле рибарски мрежи со улов од риба белвица.

Риболовниот алат бил подигнат и предаден во Полициска станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Охрид.