Ричард Гренел во Приштина и Белград

Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел кој исто така е специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, денеска во Приштина, како што е најавено, ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи. Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се состане со Гренел в петок во Белград. Гренел ќе ги посети Косово и Србија неколку дена откако тој посредуваше за договорот меѓу двете страни со германската компанија Луфтханза за авиолинија Приштина-Белград.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds