РК Струга славеше дома над РК Работнички

РК Струга славеше дома над РК Работнички

РК Струга ја забележа првата победа во новата сезона од Суперлигата, откако во 10. коло славеше на домашен терен против составот на Работнички со 32-31.

Во првото полувреме имаше речиси изедначена игра, се до моментот кога Работнички направи серија од три гола за 11-14, а на пауза РК Струга беше во негатива од четири гола (15-19).

Стружани не се откажуваа. Беше 28-30, но Маркоски, Крстаноски и два пати Цветан Кузманоски реализираа за 32-30.

Потоа Темелкоски намали на 32-31, за победа на РК Струга.

Најдобри стрелци беа Кузманоски со девет и Крстаноски со осум погодоци, во составот на гостите Давор Палевски со 13 голови.

Извор:Strugaonline

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds