Родила две момчиња во интервал од две минути: Кога ги земала во раце останала во неверување, а сопругот не можел да изусти ни збор

Стејси Омирин (30) родила две момчиња во интервал од неколку минути, а нивниот изглед ги запрепастил и лекарите и родителите.

Имено, иако Стејси и нејзиниот сопруг имаат темна боја на кожата, едно од момчињата, кое го нарекле Дејвид, се родило со бела кожа и златна коса.

Неговиот брат Даниел, пак, имал темна коса и кожа како татко му и мака му.

Се испоставило дека Дејвид има албинизам и дека тоа е причината за несекојдневната појава.

Како што вели нивната мајка, близнаците се вистинска атракција каде и да се појават и сите ја прашуваат кое дете е нејзино.

„Кога им велам дека двајцата се мои, мислат дека се шегувам. И ги разбирам, бидејќи и јас бев изненадена кога ги видов. Кога докторот ми рече дека моите деца не се идентични, не знаев на што мисли. Но, кога ми ги донесе во прегратка и кога ја видов разликата во бојата на косата и кожата, не можев да поверувам. Сè до моментот на нивното раѓање не знаев дека се толку различни“, раскажала мајката од Нигерија, пренесува „Дејли мејл“.

Таа додала дека го повикала мажот, кој исто така останал без текст кога ги видел синовите.

„Не им веруваше на своите очи. Тие двајца се толку неодоливи што чувствувам дека ми е подарено чудо. Во Нигерија никогаш не сум видела вакво нешто. Тие двајца изгледаат како браќа, но се со целосно различна коса и кожа“, раскажала гордата мајка.

x