• 22/10/2020

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

 Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија
loading...
Advertisement

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар во Скопје „Мајка Тереза“, пренесува Канал 5.

Врз мајката вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво. Случајот за Канал 5 го потврдил директорката Викторија Јовановска.

– Реклама –

Станувало збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.

Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка. Но родилката, наводно, веќе заминала дома и по два часа родителката прокрвавела и се вратила во Клиниката.

English »