Родители како од пеколот: Брутално претепале 2-годишно девојче и му го скршиле черепот – Хрватска згрозена

 Родители како од пеколот: Брутално претепале 2-годишно девојче и му го скршиле черепот – Хрватска згрозена

Родителите на две и полгодишно девојче, кое било донесено со тешки повреди на главата, се уапсени, пишува хрватскиот портал Индекс.

Во тек е кривична истрага, која треба да ги утврди сите околности на страдањето на детето, а после тоа, како што се наведува, ќе бидат поднесени кривични пријави против родителите.

Портпаролот на полицијата Давор Брежиќ за „Индекс“ изјави дека родителите во моментов се товарат за кривично дело кршење на правата на детето, за што е предвидена казна од една до осум години затвор.

„Останатите деца од тоа семејство се во згрижувачко семејство со одлука на Центарот за социјална заштита“, рече Брежиќ.

Во Хрватска одекна веста за бруталната повреда на две ипол годишно девојче кое со тешки повреди на главата е пренесено од Нова Градишка во болницата „Клаиќ“ во Загреб.

Девојчето е оперирано, приклучено на респиратор и е витално загрозено.
Директорот на болницата Клаиќ, Горан Роиќ, за Индекс изјави дека девојчето било во мозочна кома.

„Ќе следат дополнителни пребарувања, така што ќе видиме, но многу е критично – рече Роиќ.

Според информациите од порталот, девојчето било одземено од родителите набргу по раѓањето и посвоено во згрижувачко семејство, но во ноември минатата година била вратена кај нејзините биолошки родители.

Детето во болницата во Нова Градишка го донела мајката, која на лекарите им рекла дека девојчето паднало и се повредило.

Семејството има уште три деца. Родителите се уапсени доцна синоќа.

>
>