Ромски семејства во Струга живеат во лоши услови

 Ромски семејства во Струга живеат во лоши услови

Во крајно нехумани услови, калливи улици, затрупани во смет живеат ромите во строгиот центар на Струга, покрај реката Дрим.

Со години велат се жалиме дека населбава е извор на разни болести и молиме за помош но никој не ни помага. Доаѓаат пред секои избори со еден тон ветувања и пак ништо се жалат жителите. Властите години наназад им ветувале социјални станови но во реалноста се уште нема ништо.

Ваквата глетка велат и самите туристи ја забележуваат, поминуваат од таму и се чудат како некој уште живее во такви нечовечки услови. Самата глетка велат нашите соговорници е лоша слика и за градот како туристички центар.

За проблемот на овие жители се обративме до АД за станбен и деловен простор од каде ни рекоа дека засега нема проект за изградба на социјална зграда во Струга и дека истата ќе се гради во Дебар. Жителите апелираат општинските власти да им излезат во пресрет и да им ги подобрат условите за живот.

извор:24Вести

>
>