Роналдо убеден дека постигна гол против Уругвај

Роналдо убеден дека постигна гол против Уругвај

Кристијано Роналдо е сигурен дека е автор на првиот гол синоќа против Уругвај.

Репрезентацијата на Португалија во 54. минута го отвори резултатот на натпреварот против Уругвај. Најпрвин голот му беше запишан на Роналдо, но подоцна ФИФА процени дека дека 37-годишниот играч не ја допрел топката со глава. Затоа, голот отиде на контото на играчот од средниот ред Бруно Фернандеш.

Роналдо по последниот судиски свиреж бил сигурен дека го постигнал овој гол. Зборовите на напаѓачот за ова влегоа во преносот. Тој рече: „Имаше допир. Топката ме допре!“

Како што стана познато претходно, Португалија ќе испрати доказ до ФИФА дека автор на овој гол е Роналдо.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy