Румениге: Ањели не ми крева

 Румениге: Ањели не ми крева

Еден од водечките луѓе на Баерн вели дека цел ден се обидува да разговара со заговарачот на Супер лигата, но тој упорно ги игнорира неговите повици.

Карл-Хајнц Румениге е легенда на германскиот фудбал. Европски шампион со Германија од ЕУРО 1980 и со Баерн во 1975 и 1976. Сега е еден од директорите на баварскиот великан. Тој е еден од оние кои категорично застанаа против лудата идеја за Супер лигата.

Пробува да оствари разговор со газдата на Јувентус, Андреа Ањели, кој се јави како подпретседател на таканаречената Супер лига, но далеку понепознатиот фудбалски работник не сака да му крене слушалка.

„Сакав да разговарам со Ањели, но не можем да го добијам на телефон. Не ги знам неговите мотиви и не сакам да го критикувам без да ги знам. Можеби постои некоја причина која не ја знам“, вели Румениге за Il Corriere della Sera.

„Слушнав гласини дека имаат финансиски прпблеми, потенцијалниот приход делува огромен, но нема да биде доволен за долгорочно да се решат проблемите. Не можете цело време да внесувате пари за да компензирате за трошоците“, објаснува тој.

Неговиот клуб од старт ја отфрли идејата да биде дел од таквото натпреварување.

„Ние сме надвор од Супер лигата бидејќи не сакаме да учествуваме. Ние сме среќни со играњето во Бундеслигата. Тоа е нашето лепче со путер, како што велат Англичаните“.

„Среќни сме и што сме дел од Лигата на шампиони, а не ја забораваме и одговорноста која ја имаме према нашите навивачи кои генерално се против вакви реформи. Чувствуваме одговорност према фудбалот во целост“, завршува тој.

>
>