• 29/02/2020
 Русија: Минибус се судри со камион, загинаа осум Украинци

Русија: Минибус се судри со камион, загинаа осум Украинци

Во несреќата загинаа седум патници и возачот на минибусот, а еден патник и возачот на камионот се повредени.

Осум лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопат во централна Русија, соопшти полицијата.

Несреќата се случила кога минибус, во кој биле девет лица, се обидел да претекне друго возило на автопатот во Псковската Област, на околу 600 километри северозападно од Москва, по што се судрил со камион.

Во несреќата загинаа седум патници и возачот на минибусот, а еден патник и возачот на камионот се повредени.

Како што соопшти полицијата, загинатите се државјани на Украина.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира