Русија затвора три региони во Црно Море

 Русија затвора три региони во Црно Море

Русија од вечерва го затвора пристапот до одредени региони во Црното Море за странски воени и цивилни бродови. Ограничувањето на пловидбата ќе биде во сила до 31 октомври годинава.

За тоа време, три региони во Црното Море ќе бидат затворени – дел крајбрежјето помеѓу Севастопол и Гурзуф, областа во близина на на полуостровот Керч и помала површина во близина на западниот дел на Крим.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека сите тие зони се наоѓаат во територијалните води на Русија, а нивното затворање нема да ја попречува пловидбата преку Керченски Теснец.

Одлуката на Русија предизвика негодување од Украина и западните земји.

Украинското Министерство за надворешни работи протестираше до Москва, а НАТО ја повика Русија да обезбеди слободна пловидба и пристап до пристаништа во Украина.

x