Русите одржуваат нуклеарни вежби

Русите одржуваат нуклеарни вежби

Руските нуклеарни сили одржуваат вежби во Иваново, североисточно од Москва, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Околу 1.000 војници вежбаат во интензивни маневри, користејќи над 100 возила вклучително и фрлачи за интерконтинентални балистички проектили Yars, наведе Министерството, пренесе Reuters.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД на Украина ќе и дадат понапредни ракетни системи со цел „попрецизно да ги гаѓа клучните цели на бојното поле“.

Според пишувањето на New York Times, Бајден изјавил:

„Започнавме брзо испраќање во Украина на значителна количина оружје и муниција за да можат да се борат на бојното поле и да бидат во посилна можна позиција на преговарачката маса“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds