Руски авион се урна во регионот на Татарстан

 Руски авион се урна во регионот на Татарстан

Според информациите, 16 лица ги изгубија животите, а седум биле извлечени живи од остатоците

Руски авион „Л -410“ се урна денеска во близина на град во регионот на Татарстан, при што загинаа 16 лица, а седум беа повредени, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на информација од агенцијата РИА.

Авионот превезувал група скокачи со падобран, соопшти Министерството за вонредни состојби, пренесе агенцијата ТАСС. Како што се наведува, седум лица биле извлечени живи од остатоците, се вели.

Како што пренесува Ројтерс, станува збор за двомоторен транспортен авион со краток дострел. Стандардите за руска безбедност во воздухопловството се подобрија во последниве години, но несреќите, особено кога се работи за постари авиони во далечните региони, не се невообичаени.

>
>