Руски народен лек за замастен црн дроб: Радикално го чисти овој орган и ги исфрла наталожените маснотии и токсини

 Руски народен лек за замастен црн дроб: Радикално го чисти овој орган и ги исфрла наталожените маснотии и токсини

Замастениот црн дроб е честа појава, особено кај лицата постари од 50 години. Ако процентот на масти во црниот дроб надмине 10 отсто, тоа значи дека е замастен и дека треба нешто да преземете.

Здравјето на овој орган е од исклучителна важност за здравјето на целиот организам, а доколку истиот не функционира како што треба, загрозени се сите други органи во телото.

Црниот дроб ги претвора маснотиите од исхраната во материи кои нѝ се потребни или ги филтрира за исфрлање од организмот. Меѓутоа, доколку количината на масти во овој орган е поголема од 10 отсто, тогаш станува збор за нарушување познато како замастен црн дроб кое доведува до воспалителни процес и можно негово зголемување.

Во решавање на овој здравствен проблем може да помогне домашен напиток познат од дамнешни времиња, кој се прави од само 2 состојки. Сè што ви е потребно се јаболков оцет и мед.

Начин на подготовка:

Разредете една лажица јаболков оцет со малку топла вода и додајте мед по вкус. Консумирајте 2 пати на ден по една доза и повторувајте секојдневно во период од неколку месеци.

Освен овој напиток, на црниот дроб му годат и зелениот чај, чајот од глуварче како и напитоците од лимон.

>
>