САД подобри од Светот, Дончиќ даде кош од својата половина

 САД подобри од Светот, Дончиќ даде кош од својата половина

Ѕвездите во подем од САД и Светот го отворија ол-стар викендот, домашните кошаркари победија со 151:131.
Светот одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 39:30, на полувремето имаа предност од 81:71. Но работите се променија во третиот период кој беше клучен за победата, во него САД постигнаа 44 поени, а кошаркарите од остатокот од светот само 22. На крајот Американците победија со 151:131.

Најефикасен во победничкиот состав беше Пашал со 23 поени, Секстон постигна 21. Во селекцијата на Светот Барет реализираше 27, Кларк 22.

Лука Дончиќ кој реализираше 16 поени, го имаше потегот на мечот кога погоди од својата половина.

https://www.youtube.com/watch?v=61Q6y6UzRQM&feature=emb_title
>
>