• 21/09/2020

САД: Тинејџер кој уби двајца ученици почина, мотивот останува мистерија

 САД: Тинејџер кој уби двајца ученици почина, мотивот останува мистерија
loading...
Advertisement

Тинејџер кој уби двајца соученици и повреди тројца други во средно училиште во јужна Калифорнија, во болница им подлегна на повредите здобиени кога самиот се застрелал во глава, соопштено е од канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

„Натаниел Тенуске Берхау (16), ученик во втора година во средното училиште Согус, примен е во болница и лекуван од самоповредување на главата со пушка, но им подлегна на повредите. Неговата мајка беше присутна во моментот на неговата смрт“, велат од канцеларијата на шерифот.

Властите соопштија дека немаат трага за тоа што го предизвикало крвопролевањето, пренесува Ројтерс.

Берхау тој ден го прославувал својот 16 роденден. Во дворот од ранецот извадил полуавтоматско оружје, застанал на едно место и пукал кон своите жртви, пред да го сврти оружјето кон себе и да го истрела последниот куршум во глава.

Пријателите и соседите го опишаа Берхау како ведар, смешен, тивок и пред сè нормален пред да го извади оружјето од ранецот во четвртокот и за 16 секунди да застрела пет ученици по случајност пред да го зачува последниот куршум за себе.

Берхау не покажал никакви знаци на насилство и се чини дека не бил поврзан со никаква идеологија или терористичка група, велат властите.

По повеќе од 40 интервјуа и претрес во неговиот дом, властите сè уште немале трага, изјави на прес-конференција капетанот Кент Вегенер од Одделот за убиство.

„Не пронајдовме манифест, ниту дневник што укажува на тоа, било какво писмо за самоубиство или какви било записи“, рече тој.

Но, иако мотивот на тинејџерот останува нејасен, неговите активности биле планирани и намерни, рече шерифот Алекс Виланева.