Сакал куќа од соништата, а добил само половина: Ваква куќа веројатно не сте виделе никогаш во животот

 Сакал куќа од соништата, а добил само половина: Ваква куќа веројатно не сте виделе никогаш во животот

Бишна Аријал од Непал се преселил во Австралија во потрага по подобар живот, а цела деценија штедел за нова куќа. Меѓутоа, кога видел што му изградиле работниците, за малку ќе паднел во несвест.

Аријал бил шокиран кога видел дека градежната компанија која ја ангажирал да му ја изгради куќата од соништата, изградила само половина од куќата. Имено, тој го купил земјиштето на југозападот на Сиднеј за 400 илјади долари, за изградба на куќата вложил 300 илјади долари, а договорот го постигнал со компанијата “ZAC Homes”.

Како што може да се види, куќата е изградена само на едната половина од парцелата и изгледа како да е пресечена, без да има прозори. Аријал признава дека англискиот не му е баш најдобар, но сигурен е дека вакво нешто не нарачал да му биде изградено.

„Ова не е дуплекс, ова е половина куќа. Изгледа срамно. Ни ветија дека куќата ќе ни биде подготвена за една година, а чекавме три. Кога дојдов да видам како напредуваат работите, сфатив дека ова е целосно спротивно на тоа што го очекувавме“, изјави Аријал кој вели дека луѓето запираат за да се фотографираат со неговата куќа.

Градежната компанија потоа се огласи и порача дека проблемот настанал поради спор во кој е вмешана и општината, а Аријал имал повеќе шанси да се повлече од договорот, но не го направил тоа. Аријал од друга страна вели дека не ги гледал плановите и дека само ги проследувал во банката. Наводно соседите не сакале градбата да продолжи и на другата половина од парцелата, па била издадена дозвола само за едната половина.

x