САКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧНА МАСАЖА, АМА СЕ ПОКАЈА – косовец нападна девојки, тие му вратија

 САКАЛ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧНА МАСАЖА, АМА СЕ ПОКАЈА – косовец нападна девојки, тие му вратија

На социјалните мрежи во Косово беше објавена видеоснимка од брутален напад на маж врз три девојки во Приштина.

Според информациите, овој напад се случил сред бел ден, а на почетоот на снимката се гледа како трите девојки стојат пред салон, за масажа каде работат.На видеото се гледа дека тие во еден момент, забележуваат како доаѓа напаѓачот, а две од нив се повлекуваат во салонот. Гневниот маж почна да ја удира со тупаници и со гумен пендрек едната од девојките, а нејзините колешки се спротивставија. Откако девојките успеаја да му го одземат пендрекот и да го искористат во своја одбрана, дрскиот напаѓач избега.

Според локалните медиуми, една од нападнатите девојки изјавила дека напаѓачот бил незадоволен клиент на салонот, кој наводно „побарал услуга повеќе од обична масажа“ и бил одбиен.

Косовската полиција соопшти дека трага по насилникот.

Погледнете го видеото. 

>
>