Салах ќе добие рекордна сума според новиот договор со Ливерпул

Салах ќе добие рекордна сума според новиот договор со Ливерпул

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах потпиша нов договор со Ливерпул, пишува „Телеграф“.

Фудбалерот ќе заработува повеќе од 350 илјади фунти неделно. Така тој стана најплатениот играч во историјата на клубот.

Договорот, исто така, предвидува различни бонуси за лични достигнувања (голови и асистенции).

Триесетгодишниот Салах минатата сезона постигна 31 гол и 15 асистенции на 51 натпревар за Ливерпул во сите клупски натпреварувања.

Изминатите денови англиските медиуми шпекулираа дека Салах ќе ги напушти „црвените“, бидејќи немал поволна финансиска понуда за продолжување на договорот кој му беше со важност до јуни 2023 година.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds