
DCIM100MEDIADJI_0056.JPG
Само мал број печалбари годинава ќе се вратат во Струга
Бројот на печалбари од Западно европските држави кои ова лето ќе дојдат во Струга ќе биде драстично помал за разлика од минатите години велат од агенциите кои им го организираат патот за дома. Тоа ќе се одрзи врз локалната економија, ако се знае дека токму иселниците се оние кои ја помагаат.
Поради ситуацијата во Македонија, пад ќе има до 40 % сигурно, од причини, поради постоење на страв и несигурност што може да се случи со нивното враќање во Европа.Има информации дека некои држави иако не се официјални, мислам дека кога ќе се вратат тие можат да бидат ставени во самоизлоација од 14 дена.Ова не е дефинитивно но постои страв поради кој секој се плаши да не го изгуби работното место“-изјави Шпејтим
Шаќири, сопственик на туристичка агенција.Шаќири вели дека актуелната ситуација сериозно ќе се одрази врз нивното работење како агенции, но и врз туризмот во градот.Сигурно ќе има последици поради пад на трендот на патници што го имавме предвидено и слободните места за ова сезона.
Имавме поголем број на купени карти за ова сезона.Ќе има загуби“-рече Шпејтим Шаќири-сопственик на туристичка агенција.Локалните бизниси веќе ги чувствуваат последиците.
Ова лето ќе биде малку по различно од минатите, од причина што иселениците имаа свадби. Не известуваат дека ги одложуваат свадбите, а сите бизниси во Струга има поврзаност со свадбите “-изјави Бујамин Муртиши-сопственик на златара.
Дополнително сите свадби до крајот на летово организирани од печалбарите се откажани, а речиси никој од иселениците во САД за разлика од оние во Европа нема да дојде ова лето.