Самохраниот татко од Штип повеќе нема да го храни синот со леб и шеќер – хуманоста победи, се врати насмевката на нивните лица

 Самохраниот татко од Штип повеќе нема да го храни синот со леб и шеќер – хуманоста победи, се врати насмевката на нивните лица

риказната за 23-годишниот самохран татко од Штип ја трогна цела Македонија.

Имено, Љупче уште од многу мал се бори за егзистенција. Неговата мајка го напуштила додека бил дете, па тој и татко му остануваат да живеат само со баба му. Откако починува и бабата тие остануваат сами. По тој момент тој и неговиот татко запаѓаат во тешка финансиска ситуација, немале ни за храна  ни за основни услови.  Татко му за да има да го прехрани бил принуден на кражба, но таквите работи го ставиле зад решетки.

Никогаш не се откажува од борбата за живот и работи секаква работа што ќе му биде понудена. 

Поднел документи за работа во штипската болница и за среќа бил примен. Таму ја запознава Ирена со која започнува врска и со која го добиваат синот Андреј.

-Се одеше како што треба, планиравеме и да се венчаме, тогаш го добив најскапоцениот подарок во мојот живот, се роди син ми Андреј, тој момент неможам да го опишам, летав од среќа. Почнав да барам стан под кирија за подобро утро за синот. Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше 5 месечното бебе само дома и излегуваше. Влегла во лоши друштва, не се знаеше кога оди кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден  и еден ден си замина за секогаш, оставајќи ме мене со синот, изјави Љупче.

-Често си доаѓаше во раните утрински часови, беше пријавувана и во полиција како исчезната, беше недостапна на телефонот, зема додаток за детето, но не му  купила ниту лижавче ,за да на крај го напушти мојот син и внук, кажа таткото на штипјанецот.

Љупче во апелот за помош изјави дека синот го храни со шеќер и вода и се задолжува со цел да има да го прехрани.

Откако неговата приказна беше објавена на телевизиските екрани, се појавија многу луѓе кои сакаат да му помогнат.

Ваквиот гест ја врати надежта во неговиот живот.

Преку Фејсбук групите за мајки, за малиот Андреј е собрана и облека, играчки и храна, собрани се и хигиенски работи, а она што е најважно во целата оваа тажна приказна е веста дека општината обезбедила работа за Љупче Смилев, а неговото детенце сега ќе има можност да се социјализира и дружи со врсниците во градинка.

Ако и вие сакате на некој начин да му помогнете на Љупче и неговиот син, можете информации да добиете на тел.број 075 304 405.

>
>