Самоуништувачките пораки конечно пристигнуваат во WhatsApp

 Самоуништувачките пораки конечно пристигнуваат во WhatsApp

Facebook објави дека сервисот на компанијата WhatsApp ќе ја додаде можнноста за испраќање на пораки кои самите се бришат во разговорите. Оваа функција претходно е споменувана неколку пати, а забележана е и на FAQ страницата на сервисот.

Можноста за испраќање пораки кои самите се бришат или исчезнуваат може да се овозможи за посебните разговори. Откако ќе се одобри опцијата, се применува на сешто ќе се испрати во рамките на некој разговор. За почеток, поракоте автоматски ќе се бришат по седум дена. Facebook тврди дека на овој начин ќе се креира баланс помеѓу тоа разговорот да се направи „полесен“, како и да биде доволно практичен корисниците да се можат да се вратат на темата за која разговарале претходно.

loading…

Во FAQ секцијата се истакнува дека можат да постојат некои исклучоци кога се во прашање пораките што самите се бришат. Доколку пораката е цитирана пред да исчезне, текстот на оригиналната порака може и натаму да остане видлив по првобитниот период од седум дена. Покрај тоа, пораките со видео/музика и друга медиумска содржина ќе исчезнат само од WhatsApp, а медиа фајловите и натаму можат да бидат сочувани во галеријата на телефонот.

Опцијата за пораките што самите се бришат во текот на овој месец ќе почнат да пристигнуваат за сите WhatsApp корисници. За поединечните разговоти секоја страна може да овозможи исчезнување на пораките, додека во групните разговори оваа улога ќе ја имаат администраторите.