Самсоненко пак се премисли, останува во ФК Вардар

 Самсоненко пак се премисли, останува во ФК Вардар

Уште една епизода со среќен крај од серијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко – „си одам, не си одма“ видоа фудбалерите, стручниот шатаб и навивачите на ФК Вардар. Самсоненко кој за време на подготовките на вардаровата експедиција во Анталија им испрати непријатна вест дека се повлекува од клубот, а играчите можат да се побараат нови средини, денеска на средба со истите го сменил ставот и им соопштил дека останува меѓу „црвено-црните“.

Ваквиот пресврт доаѓа откако Вардар се врати од Анталија. Самсоненко на состанокот искажал надеж дека во скоро време ќе ги подмири и долговите кои ги има кон фудбалерите, за да екипата да може да добие евро-лиценца за настап во квалифиакациите од ЛШ или ЛЕ и да за заработи пари од УЕФА со кои ќе може да си ги покрива поголемиот дел од трошоците.

По есенскиот дел Вардар е лидер и на пат да освои нова единаесета шампионска титула во мак-фудбалот.

Извор:24info.mk

>
>