• 19/09/2020

Сандерс убедливо победи на изборите во Невада, Бајден на второ место

 Сандерс убедливо победи на изборите во Невада, Бајден на второ место
loading...
Advertisement

Независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс според проценките на каналот НБЦ њуз убедливо победил на изборите за кандидати на демократите на претседателските избори во саботата во Невада.

Сандерс освоил 47 отсто од поддршката на делегатите на кокусот во Невада, врз основа на гласовите од 88 отсто од изборните места.

Според проценките на НБЦ њуз поранешниот американски потпретседател Џо Бајден кој забележа скромни резултати на првите две гласања во Ајова и Њу Хемпшир во Невада завршил на второто место, но според таа проекција, кога сите гласови ќе бидат собрани, зад Сандерс заостанува дури 20 отсто од гласовите, пренесува Ројтерс.

Пит Бутиџиџ, поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, кој победи во Ајова, а во Њу Хемпшир заврши втор, во Невада го освои третото место со 13,6 отсто од гласовите, а кога резултатите ќе бидат собрани, според проекцијата на НБЦ њуз, ќе остане под 15 отсто.