Сцени кои сите одвај чекаме да ги видиме: Во Австралија 80.000 навивачи гледале натпревар

 Сцени кои сите одвај чекаме да ги видиме: Во Австралија 80.000 навивачи гледале натпревар

Натпреварот помеѓу Колинвуд и Есендон кој бил одигран во рамките на АФЛ (Австралиска фудбалска лига) ќе остане запаметен како првиот по избивањето на пандемијата на коронавирусот, на кој била видена публика без ограничувања.

Точно 78.113 навивачи го гледале овој дуел. Австралиската фудбалска лига во договор со Владата на Австралија одлучила да дозволи максимум од 80.000 навивачи на стадионите каде се играат натпревари од ова натпреварување.

Во наредниот период се очекува и дозволување на уште поголем капацитет на стадионите (моментално е на 85 проценти).

Според зборовите на луѓето од АФЛ, ваква бука не се слушнала на стадионите уште од финалните натпревари во 2019-та година.

>
>